Помош

BIBLIOGRAFIJE - pomoč

Помош

Најчести прашања (FAQ)

Библиографии на истражувачи

Библиографиите на истражувачи им овозможуваат на истражувачите и на другите автори испис на библиографските единици од заемната библиографска база на податоци COBIB врз основа на шифрата на истражувачот која му е доделена на авторот при упис во евиденцијата на истражувачи во информацискиот систем за истражувачката дејност во Македонија (E-CRIS), под услов нивните библиографски единици да се вклучени ви системот COBISS.

повеќе >>>

Податоците во заемната библиографска база на податоци ги внесуваат библиотеките кои се полноправни членки на системот COBISS и имаат библиотекари кои се оспособени за внес на податоците.

Начелно, имате можност самите да ја изберете библиотеката која ќе се грижи за дополнување и редакција на вашата персонална библиографија. Записите за библиографските единици вообичаено ги внесува и ги редактира библиотеката на установата во која е вработен истражувачот. Доколку установата нема библиотека, ви предлагаме да изберете библиотека која е специјализирана за вашата област. Обратете им се и договорете се за редакција на вашите библиографски единици. Таму ќе добиете и прецизни упатства за тоа што е потребно да им доставите како би можеле да ја дополнат вашата персонална библиографија.

Стандардното поставување на сортирањето на библиографските единици најпрво е според типологијата на документи/дела во рамки на одделниот тип според годината на објавување од најновата до најстарата, а во рамки на иста година според насловот на делото. Стандардното поставување на сортирањето може да се измени со параметарот сортирање на библиографските единици.

<<< назад

Пребарување по автори

Исписот на библиографските единици од базата на податоци COBIB во системот COBISS за одреден истражувач е можен врз основа на шифрата на истражувачот која му е доделена на авторот при упис во евиденцијата на истражувачи и истражувачки организации (E-CRIS). Затоа треба да внесете соодветна шифра.

повеќе >>>

Доколку не ја знаете шифрата, можете да внесете презиме и име. Мора да го внесете обликот на презимето и името кој се користи во евиденцијата E-CRIS и кој може да биде поинаков од обликот што се користи во записите за библиографските единици. При внес, дијакритичките знаци можете да ги замените со букви без дијакритички знаци (на пр. Горгиев Ванцо наместо Ѓорѓиев Ванчо), а можете да внесете и само презиме.

При внес на барањето за пребарување во образецот за пребарување, функцијата за автоматско дополнување предлага поими за пребарување кои би можеле да ви помогнат при пребарувањето. Ако програмата, откако ќе го потврдите поимот за пребарување (на пр. име и презиме) пронајде повеќе автори со исто име и презиме, ќе се испише табела со попрецизни податоци за одделен автор (на пр. други облици на името, додатоци кон името и сл.). Ако програмата не го пронајде поимот за пребарување, ќе се испише известување.


<<< назад

Библиографии на сериски публикации

Библиографии на сериски публикации овозможуваат испис на библиографски единици од заемната библиографска база на податоци COBIB.

повеќе >>>

Сериската публикација можете да ја побарате со помош на меѓународниот стандарден број на сериската публикација (ISSN), насловот на сериската публикација или клучни зборови. Ако внесете 0039-2294, што е ISSN на списанието Стремеж: списание за литературни, културни и општествени прашања, во исписот ќе бидат вклучени сите каталогизирани прилози од тоа списание.

Стандардното поставување на сортирањето на библиографските единици најпрво е според типологијата на документи/дела, во рамки на одделен тип според годината на објавување од најновата до најстарата, а во рамки на иста година според насловот на делото. Стандардното поставување на сортирањето може да се смени со параметарот сортирање на библиографските единици.

За правилно сортирање на единиците според типологијата одговорни се авторите на објавените прилози и уредниците на сериските публикации.

<<< назад

Параметри на исписите

Со параметрите на исписите ја одредувате содржината и изгледот на разновидни библиографии, односно исписи (библиографии на истражувачи, библиографии на сериски публикации). Некои параметри се применуваат кај сите библиографии и исписи, а други само во одредени библиографии и испис.

  • Од година повеќе >>>

    Испис на библиографските единици од избраната година на издавање натаму. Ако е полето празно, се испишуваат библиографски единици од најстарата година на издавање понатаму.

    <<< назад

  • До година повеќе >>>

    Испис на библиографските единици до избраната година на издавање. Ако е полето празно, се испишуваат библиографските единици до најновата година на издавање.

    <<< назад

  • Формат на библиографската единица повеќе >>>

    Можете да изберете еден од следните формати за испис на библиографските единици:

    ISO 690 ISO 690 – Стандард за библиографски референци и цитирање на извори на информации. Се заснова врз стандардот ISO 690:2010 (Information and documentation – Guidelines for bibliographic references and citations to information resources) – ISO 690:2010 (Информатика и документација – Насоки за библиографски референци и цитирање на извори на информации).

    IEEE Формат на Институтот на инженери по електротехника и електроника (Institute of Electrical and Electronics Engineers) – најчесто се користи во областа на техниката, пред се во публикацииите IEEE.

    ISBD Меѓународен стандарден библиографски опис (International Standard Bibliographic Description) – според стандардот на IFLA (International Federation of Library Associations).

    ISBD (збиен облик) ISBD во збиен облик (испишани се сите податоци кои спаѓаат во стандардот ISBD, но во збиен облик – одделните податоци во библиографскиот запис не се испишуваат во нов ред, туку се испишуваат во ист ред.

    ISO 690 (сите автори) ISO 690 со испис на сите секундарни автори.

    ISO 690 (број на автори) ISO 690 со испишан број на автори.

    IEEE (број на автори) IEEE со испишан број на автори.
    BibTeX Формат за извоз на библиографски податоци во други системи (на пр. ORCID).

    <<< назад

  • Формат на исписот повеќе >>>

    Можете да изберете еден од следните формати за испис:

    HTML Форматот HTML (Hyper Text Markup Language) е наменет за приказ на библиографијата во веб-прелистувач. Во овој формат библиографијата можете да ја претставите и на вашата веб-страница.

    XML Структурираниот испис во XML-формат (шема, графички опис на шемата) содржи множество библиографски податоци кое не зависи од параметарот формат на библиографската единица.

    LaTeX Форматот е наменет за испис на библиографија ако се записите подготвени со помош на наредбите LaTeX (за испис на математички формули и сл.).
    PDF Форматот PDF (Portable Document Format) го избирате ако сакате да ја прегледате и да ја отпечатите библиографијата.
    TXT Форматот TXT го избирате ако сакате библиографијата да ја прегледате и да ја испишете во облик на обичен текст (eng. plain text).

    Сите исписи на библиографијата можете да ги преобликувате, но библиографските единици мора да го задржат идентификацискиот број COBISS-ID.

    <<< назад

  • Резиме, апстракт повеќе >>>

    Со параметарот одредувате дали во библиографијата треба да се испишат и резимеа/апстракти (доколку постојат во библиографската единица). Можете да изберете:

    без Библиографските единици се испишуваат без резимеа/апстракти.
    сите Се испишуваат сите резимеа/апстракти.
    македонски Се испишуваат само на македонски јазик.
    англиски Се испишуваат само на англиски јазик.

    <<< назад

  • Сортирање на библиографските единици повеќе >>>

    Можете да изберете една од следните можности за сортирање на библиографските единици:

    типологија, година – опаѓачки, наслов Сортирање најпрво според типологијата на документи /дела, во рамки на одделен тип според годината на објавување од најновата до најстарата година, во рамки на иста година според насловот на изворот (наслов на списание, зборник или монографија) и на крај, според насловот на делото.

    типологија, родина - растечки, наслов Сортирање најпрво според типологијата на документи /дела, во рамки на одделен тип според годината на објавување од најстарата до најновата година, во рамки на иста година според насловот на изворот (наслов на списание, зборник или монографија) и на крај, според наслов на делото.

    типологија, автори, година - опаѓачки, наслов Сортирање најпрво според типологијата на документи /дела, во рамки на одделен тип според авторите, во рамки на исти автори според годината на издавање од најновата до најстарата година, во рамки на иста година според насловот на изворот (наслов на списание, зборник или монографија) и на крај, според насловот на делото.

    наслов Библиографските единици се сортирани според насловот на делото.

    вид авторство, наслов Библиографските единици се сортирани според видот на авторство (на пр. автор, уредник, преведувач, режисер итн.), а во рамки на одделен вид авторство според насловот на делото.

    вид граѓа, наслов Библиографските единици се сортирани според видот на граѓата (на пр. книга, поезија, научна монографија итн.), а во рамки на одделен вид граѓа според насловот на делото.

    година - опаѓачки, наслов Библиографските единици се сортирани според годината на објавување од најновата до најстарата година, а во рамки на иста година според насловот на делото.

    година - растечки, наслов Библиографските единици се сортирани според годината на објавување од најстарата до најновата година, а во рамки на иста година според насловот на делото.

    јазик, година - растечки, наслов Библиографските единици се сортирани според јазикот на кој е делото објавено, во рамки на ист јазик според годината на објавување од најстарата до најновата година, а во рамки на иста година според насловот на делото.

    Стандардна вредност на параметарот е типологија, година – опаѓачки, наслов.

    <<< назад

  • Алтметрика повеќе >>>

    Алтметриката го зема во предвид влијанието, односно одекот на истражувачкиот труд на интернет и овозможува автоматизирано ажурирање во случај на нови настани или кога повторно ќе се спомне истражувачкиот труд. Ги опфаќа податоците од социјалните мрежи (Twitter, Facebook, Google+ итн.), блоговите на истражувачите, јавно достапните документи, портали и списанија со новости, референтни алатки (Mendeley и сл.), како и други извори на информации, како што се Wikipedia, YouTube, Reddit итн.

    Алтметриката е нетрадиционален метод на мерење на влијанието во научното публикување и може да служи како дополнување на класичните методи на мерење, како што се бројот на цитати и h-индекс.

    Можете да изберете една од следните можности:

    без Приказот на алтметриката не е вклучен.
       
    Altmetric и PlumX   За библиографските единици со идентификатор DOI или ISBN вклучен е приказот Altmetric i PlumXсо отворен код.
      Пример:
       
     

       
    Altmetric и PlumX  
    (збиен приказ)
    За библиографските единици со идентификатор DOI или ISBN вклучен е приказ на одекот на Altmetric i PlumX со отворен код во збиен облик.
      Пример:
       
     

    Приказот на алтметриката е можен само во форматот HTML на исписот и во форматот на библиографската единица ISO, односно IEEE.

    <<< назад

  • Јазик на библиографијата повеќе >>>

    Можете да изберете еден од следните јазици на исписот на библиографијата:

    македонски
    англиски

    Главниот наслов и поднасловите се испишуваат на избраниот јазик, а без оглед на избраниот јазик на библиографијата, библиографските единици се испишуваат така како што се внесени во базата COBIB.

    <<< назад

  • Испрати на е-адреса повеќе >>>

    Ја внесувате е-адресата на која сакате да ја добиете библиографијата (на пр. ime.prezime@xxx.me).

    <<< назад

Отстранување одделни библиографски единици

Стандардниот испис ги вклучува сите библиографски единици на авторот во избраниот период. Ако во исписот сакате да вклучите само одредени библиографски единици, кликнувате на Отстранување одделни библиографски единици.

повеќе >>>

Ако сте избрале сортирање според типологија, се испишува список на библиографски единици кои се сортирани според типологија. Можете да остраните цел тип или одделна библиографска единица. Ане не сте избрале сортирање според типологија, се испишува список на библиографски единици кои се сортирани според наслов.

Подготовката на списокот може да трае подолго време, а должината зависи од бројот на вклучени библиографски единици.

<<< назад

Подготовка на исписот

Со кликнување на копчето ПОДГОТОВКА НА ИСПИСОТ ја активирате постапката за подготовка на испис на библиографијата со оглед на зададение влезни параметри.

повеќе >>>

Ако не сте ја внеле е-адресата на која сакате да го добиете исписот на библиографијата, библиографијата се испишува во веб-прелистувач. Доколку сте го пополниле параметарот испрати не е-адреса, исписот на библиографијата ќе го добиете по е-пошта на наведената адреса.

Подготовната на исписот може да трае подолго време, а зависи од бројот на вклучени библиографски единици.

<<< назад

Директни линкови

Директен линк до библиографиите на истражувачи и стручните соработници можете да подготвите така што во URL-адресата ги внесувате следните параметри:

  • шифра на истражувачот повеќе >>>

    За параметарот Шифра на истражувачот , ја внесувате соодветната 5-цифрена шифра на истражувачот.

    (на пр.: https://bib.cobiss.net/biblioweb/direct/mk/mac/cris/02041)

    Параметарот е задолжителен.

    <<< назад

  • јазик на библиографијата повеќе >>>

    За параметарот Јазик на библиографијата во линкот го внесувате соодветниот код за јазикот:

    • mac – македонски
    • eng – англиски

    (на пр.: https://bib.cobiss.net/biblioweb/direct/mk/mac/cris/02041)

    <<< назад

  • fromyear и toyear повеќе >>>

    За параметарот Од година и До година внесувате fromyear и toyear со соодветни вредности со кои го одредувате периодот.

    (на пр.: https://bib.cobiss.net/biblioweb/direct/mk/mac/cris/02041?fromyear=2010&toyear=2015)

    Ако не ги внесете параметрите, се изработува целата библиографија.

    <<< назад

  • formatbib повеќе >>>

    За параметарот Формат на библиографската единица upišemo formatbib внесувате formatbib и ја избирате соодветната вредност:

    • ISO – ISO 690
    • IEEE – IEEE
    • ISBD – ISBD
    • ISBDcompact – ISBD (збиен облик)
    • ISOauthors – ISO (сите автори)
    • ISOnumbers – ISO (број на автори)
    • IEEEnumbers – IEEE (број на автори)
    • BibTex – BibTex

    (на пр.: https://bib.cobiss.net/biblioweb/direct/mk/mac/cris/02041??formatbib=ISBD)

    Стандардна вредност на параметарот е ISO.

    <<< назад

  • формат повеќе >>>

    За параметарот Формат на исписот внесувате format и ја избирате соодветната вредност:

    • H – HTML
    • X – XML
    • L – LaTeX
    • P – PDF
    • T – TXT

    (на пр.: https://bib.cobiss.net/biblioweb/direct/mk/mac/cris/02041?format=X)

    Стандардна вредност на параметарот е H.

    <<< назад

  • idlist повеќе >>>

    Ако сакате селективен избор на библиографските единици, најпрво го внесувате параметарот idlist, на кој треба да му се допише списокот со идентификациски ознаки COBISS-ID, кои ги одвојувате со запирки.

    (на пр.:https://bib.cobiss.net/biblioweb/direct/mk/mac/cris/02041?idlist=90911754,94755850)

    <<< назад

  • sort повеќе >>>

    За параметарот Сортирање на библиографските единици внесувате sort и избирате соодветна вредност:

    • T.Ydesc – типологија, година – опаѓачки, наслов
    • T.Yasc – типологија, година – растечки, наслов
    • T.AU.Ydesc – типологија, автори, година – опаѓачки, наслов
    • TI – наслов
    • AC – вид авторство, наслов
    • CC – вид граѓа, наслов
    • Ydesc – година – опаѓачки, наслов
    • Yasc – година – растечки, наслов
    • L.Yasc – јазик, година – растечки, наслов

    (на пр.: https://bib.cobiss.net/biblioweb/direct/mk/mac/cris/02041?sort=Yasc)

    Стандардна вредност на параметарот е T.Ydesc.

    <<< назад

  • abstract повеќе >>>

    За параметарот Резиме/апстракт внесувате abstract и избирате соодветна вредност:

    • 0 – без
    • A – сите
    • L – македонски
    • E – англиски

    (на пр.: https://bib.cobiss.net/biblioweb/direct/mk/mac/cris/02041?abstract=A)

    Стандардна вредност на параметарот е 0.

    <<< назад

Во URL-адресата можете да внесете повеќе од наведените параметри, а нивните вредности меѓусебно произволно ги составувате.

(на пр.: https://bib.cobiss.net/biblioweb/direct/mk/mac/cris/02041?idlist=90911754,94755850&formatbib=ISO&format=T)

Библиографии на истражувачи – FAQ

  • Како да се внесат или да се поправат податоците за библиографиите на истражувачи? Одговор


    Програмата, која е достапна на веб-страницата Библиографии на истражувачи, овозможува испис на персонални библиографии на истражувачи и стручни соработници врз основа на шифрата на истражувачот која на авторот му е доделена при упис во евиденцијата на истражувачи во информацискиот систем за истражувачка дејност на Македонија (E-CRIS), под услов нивните библиографски едеиници да се вклучени во системот COBISS.MK. Податоците за библиографските единици се испишуваат од заемната база на податоци COBIB. Услов одделна единица од базата на податоци COBIB правилно да се вклучи во персоналната библиографија е записот, покрај основните библиографски податоци (автор, наслов, година на издавање, издавач ...), да ја содржи и шифрата според типологија на документи/дела, шифрата на истражувачот и уште некои податоци.

    Податоците во заемната библиографска база на податоци ги внесуваат библиотеките кои се полноправни членки во системот COBISS.MK и имаат библиотекари оспособени за внес на податоците.

    Начелно, имате можност самите да ја изберете библиотеката која ќе се грижи за дополнување и редакција на вашата персонална библиографија. Записите за библиографските единици вообичаено ги внесува и ги редактира библиотеката на установата во која е вработен истражувачот. Доколку установата нема библиотека, ви предлагаме да изберете библиотека која е специјализирана за вашата област. Обратете им се и договорете се за редакција на вашите библиографски единици. Таму ќе добиете и прецизни упатства за тоа што е потребно да им доставите како би можеле да ја дополнат вашата персонална библиографија.

    <<< назад

Библиографии на сериски публикации – FAQ

  • Дали можам да испишам библиографија за која било сериска публикација? Одговор


    Не, библиографија можете да испишете само за онаа сериска публикација чиишто прилози имаат библиографски записи во заемната библиографска база COBIB.

    <<< назад